fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Просечна плата од 550 евра и фокус на економијата- што содржи новата програма на Владата?

Просечна плата од 550 евра, милионски суми за енергетски проекти, модерна инфраструктура, зголемени субвенции за земјоделците, вложување во здравствениот систем....

Фокусот во наредните две години на новата Влада ќе биде на економијата, ветува мандатарот Димитар Ковачевски во предлог-програмата испишана на 55 страници. Во неа се предвидени финансиски средства за сите сектори, се најавуваат нови проекти, а се продолжуваат и дел започнати од претходната Влада.. Ковачевски го бара мандатот од пратениците, како што пишува, врз основа на изборните резултати од последните парламентарни избори и зголеменото парламентарно мнозинство.

-Фокусот на Владата преку економските политики и мерки е кумулативниот раст на продуктивноста на трудот да достигне до 15 отсто за да овозможиме и реално зголемување на нетоплатата низ целата економија за најмалку 13,4 отсто. Со овие активности се придонесува за зголемување на просечната плата за над 3.100 денари или за 50 евра повеќе на месечно ниво.- Димитар Ковачевски – мандатар за состав на Влада.

Во програмата стои дека Владата ќе се залага за легализација и декриминализација на канабисот за лична употреба, дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат лекови од канабис, и пациентите сами да може да одгледуваат. За првпат новиот владин состав ветува дека по консултации со експерти, ќе се легализира и трговијата со криптовалути преку законско решение..

-Владата ќе им овозможи на граѓаните кои поседуваат биткоини или други стабилни криптосредства да ги разменуваат на легален начин, а домашните компании да вршат трговија кон странство во криптосредства кон своите добавувачи.- Димитар Ковачевски – мандатар за состав на Влада.

Како приоритети, и во оваа програма се споменуваат борба со корупцијата на сите нивоа, дигитализација на услугите, како и реорганизација на јавната администрација и нејзино намалување за 20 проценти. Вицепремиерот Артан Груби уверува дека сите предвидени проекти ќе бидат имплементирани.

После пауза од две години, повторно ќе се врати и мерката “бањско-климатска рекреација” започната во 2010 година, преку која на годишно ниво околу 5000 пензионери одеа на седумдневна бањска терапија..

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close