fbpx
ВестиМакедонија

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 28.272 денари

Што е за 2,7 отсто повисока во однос на истиот месец лани

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, изнесува 28.272 денари и е за 2,7 отсто повисока во однос на истиот месец лани. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен пак, во јануари 2021 година изнесува 42.204 денари и е за 2,7 проценти повисока во однос на истиот месец лани.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (8,4 отсто) и Информации и комуникации (8,3 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7,7 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,9 отсто) и Информации и комуникации (5,4 отсто),“ велат од ДЗС.https://meta.mk/prosechnata-neto-plata-vo-januari-iznesuvala-28-272-denari/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close