fbpx
ВестиТоп вести

Самоникла габа – Зелена пупавка

Зелената пупавка (Amanita phalloides)

Целата печурка излегува од јајце. Доколку тоа се пресече напречно пред печурката да го пробие  ќе се видат контурите на млада печурка. Шапката во почетокот е со топчеста форма којa потоа преминува во изглед како чадорче. Достигнува пречник од 5-15цм. Зелената пупавка има многу различен спектар на бои на шапката. Најчесто е со некоја нијанса на зелената боја, но исто така може да биде светло или темно смеѓа, дури може да биде и потполно бела на која што на мал дел постои некоја зелена нијанса. Познатиот и одамна покоен миколог Иван Фохт во едно од своите дела пишува дека зелената пупавка ја наоѓал  и  како лимон жолта, а во некои региони и со челично плава боја на шапката.

Ливчињата се нежни,лесно кршливи и со бела боја. Струкчето е со бело-зеленкаста нијанса кое на горниот дел има бело венче, а на основата се наоѓа остатокот од јајцето кое сега изгледа како вреќичка и претставува многу битен момент кој помага во правилно детектирање на оваа врста.

Зелената пупавка претставува честа врста која расте најчесто во дабови и букови шуми од Јули па се до крајот на Октомври, но ја има и во други листопадни и зимзелени шуми. Може да се сретне и во висински и во низински предели.

Зелената пупавка е најотровната печурка и знаците на труење почнуваат да се манифестираат од 6-24 саати после конзумирањето што е ралативно многу касно за укажување на поквалитетна лекарска помош. Единствено слична по отровност е ретката бела пупавка (Аmanita Verna) и многу ретката конична пупавка (Amanita Virosa). Овие три врсти во светот на микологијата се познати и како Ангели на уништување и виновни се за смрт и на цели семејства. Зелената пупавкапредизвикува т.н. фалоидински синдром на труење кој што е најтежок облик на труење од печурки. Поседува многу различни отровни материи кои што се систематизираат во две групи (фалотоксини и аматоксини) кои што се термостабилни и за кои што не постои противотров. Најнапред се манифестираат тешки гастроинтестинални тегоби, грчеви на мускулите, понекогаш и  колапс на кардиоваскуларниот систем и смрт. После оваа фаза доаѓа до привидно подобрување после што следи и најтешката втора фаза на труењето при што отровите на зелената пупавка црниот дроб и бубрезите ги разградуваат и ги претвораат во масно ткиво со што тие органи откажуваат,потоа внатрешни крварења и на крајот смрт кој што обично се случува четвртиот ден после конзумирањето на оваа врста.

Лекувањето треба да се врши во добро опремени клиники кои што имаат искуство со вакви труења и применуваат разни методи и терапии на лечење. Но сепак за жал и во денешно време сите овие терапии и методи даваат контрадикторни резултати.

Поради големиот распон на колорит  на плодовото тело може да се замени гулапките (Russula) или пак шампињоните (Agaricus). Потребна е голема внимателност.

Подготвил: Игор Петровски

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close