fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Просечната плата расте но зголемување имаат само вработените во неколку сектори

Просечната плата во државата за четири години, односно од јуни 2017 година досега,  е зголемена за една четвртина, односно за над 6.000 денари.

Расте просечната плата, но не и стандардот на граѓаните. Просекот го билдаат  топ 5 те  професии, каде има  над 10% пораст – тоа се програмерите, чии примања надминуваат 72 илјади денари. Следни се вработените во воздухопловство, со речиси 65 илјади , во финансиските услуги  и  телекомуникации со над 45 илјади денари плата. . Во останатите дејности –  зголемување е минимално.   Ги прашавме граѓаните – кога последнен пат имале зголемување на платата.

Државаната статистика објави зголемување на просечната плата во јули за 7%  во однос на истиот месец лани и истата достигна 28.744 денари. Според СДСМ, ова е показател дека политиките на владејачката партија даваат резултати кои ги чувствуваат граѓаните.

Просечната плата во државата за четири години, односно од јуни 2017 година досега,  е зголемена за една четвртина, односно за над 6.000 денари. Повеќе пари кај работниците е реализација на концептот на СДСМ, парите кај граѓаните, изајви  Размена Дуровиќ Чекиќ, претседателка на Комисија за економија на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ  велат дека просечната плата расте затоа што поголем број на луѓе со ниски примања остануваат без работа, додека добро платените места вештачки го креваат просекот.

Нема простор за фалење зошто половина милион граѓани живеат со 2 евра на ден во сиромаштија, додека долгот на државата никогаш порано не бил поголем.

Според синдикатот пак, цените на производите, односно трошоците за живот растат побрзо отколку платите . Од почетокот на годината до јуни, синдикалната кошница е зголемена за  560 денари . Тоа значи дека за задоволување на основните месечни потреби на едно  4 члено  семејство во јуни му биле потребни  34.211 денари.  Ако во семејството работи само еден члан,  му недостасуваат 5,500 илјади денари за да го помине  месецот.https://sitel.com.mk/prosechnata-plata-raste-no-zgolemuvanje-imaat-samo-vrabotenite-vo-nekolku-sektori

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close