fbpx
ВестиТоп вести

Успешни приказни со Тераграмин – подобрувач на својства на почва!

Искусниот земјоделец од битолското село Ивањевци Пецо Божиновски долги години се занимава со одгледување на тутун. И оваа година како и претходната нивите на Пецо и неговата сопруга Вера беа посадени со тутун тип Прилеп 66. Но оваа година различно беше тоа што на една од неговите ниви беше применет новиот производ Тераграмин – подобрувач на својства на почва, кој дава одлични резултати при производството на тутун, без оглед на тоа дали годината е сушна како претходната или врнежлива како што беше оваа. Пецо се заинтересира за позитивните ефекти кои ги дава производот откако во месец мај оваа година, заедно со други земјоделци од прилепските и битолските села, а во организација на АПРЗ РЕ Битола беше присутен на презентација на која се запозна со производот за прв пат, по што тој реши да го употреби.
Неговото искуство е позитивно. Како што кажува самиот тутунот има забрзан и сигурен прираст, му помага при зреењето и дава рамномерен лист во секоја инсерција. Висина на стебло имал над 1,70 цм и полни седум берби. Осмата берба – вршакот бил помрсен со повеќе катрански единици. Тутунот има добар квалитет, арома, боја и мирис.

Наредната година планира да го употреби и при производството на расад на тутун и апелира до откупните центри за тутун, да го нудат производот со семето и ѓубривата пред почетокот на сезоната.


Горанчо Трајанов и неговото семејство од кочанското село Чифлик традиционално се занимаваат со производство на ориз. Претежно ја одгледува сортата Сант Андреа и уште минатата 2017 година, на површина од 1 декар Горанчо аплицираше 1 тон Тераграмин со цел да ја подобри плодност на нивата која како што и самиот кажува беше “најзагадена” со плевели и едвај раѓаше 400 кг оризова арпа со низок рандман. Горанчо уште на почетокот при поникнувањето на оризот забележал дека нешто невообичаено се случува со нивата: оризот побрзо проникнал, а плевел скоро да немало, што не било случај со околните ниви. Приносот таа година достигнува 930 кг оризова арпа. А оваа година на истата парцела, без повторно да се третира резултатите се повторија. Како што ни кажа Горанчо, тој се убедил во ефектите на Тераграмин, кој по првата година на аплицирање има продолжено дејство во наредните 5 години, дава позитивен ефект, ја менува структурата на почвата и таа станува полесна за обработка. Истиот има заштедено на ѓубрива и хербициди, како што и самиот ни кажа, ако растението се развива добро, нема потреба да се прихранува и прска, а со тоа да се прават непотребни трошоци. На овој начин и оризот кој и самите го конзумираат во семејството е поздрав и поеколошки.

Младиот земјоделец Јасмин Мустафа од с. Јаболчишта, о. Чашка како и остатокот од жителите на ова село, традиционално се занимава со одгледување на компир. Оваа година неговото производство на компир на одредена површина беше со употреба на Тераграмин, додека пак неговиот чичко продолжи да произведува компир на вообичаениот начин. Ефектот на крајот беше изненадувачки за Јасмин, бидејќи иако подоцна засеан неговиот компир се развиваше побрзо и на крајот приносот беше поголем.

Планира и во иднина да го користи и на други површини, затоа што со Тераграмин почвата станува поровка и порастресита, што е од исклучително значење за растенијата кај кои што плодот расте внатре во самата почва и може да се формира поголем плод. Со подобрената структура на почвата, автоматски се подобрува и способноста на истата за подобро искористување на водата и хранливите материи, што резултира со зголемени приноси.

Семејството земјоделци Звезда и Труфун Боболкови од гевгелиското село Кованци се производители на кикирики. Одгледувањето на кикирики во село Кованци  е традиција која потекнува од далечните педесетти години од минатиот век која трае и продолжува да ги краси пазарите во Гевгелиско и пошироко во Република Македонија.

Со цел да го зголемат производството по единица површина оваа година семејството Боболкови решија да употребат подобрувач на својства на почва- Тераграмин и резултатот беше позитивен, изразен со подобар квалитет, поголем принос за 50 % во споредба со минатата година, како и со нетретираните површини и повисок рандман со 700 гр. Јатка и 300 гр. лушпа. Сега нивната почва има подобрена структура, таа е полесна за обработка и во иднина ќе дава поголем род.

 

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close