fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Протест против мали хидроцентрали на Кожуф: Ништо не знаевме додека не видовме багери

Стотици граѓани од Југоисточниот регион, но и од други делови од државата денеска се собраа кај локалитетот Смрдлива вода кај Гевгелија на протест против најавената изградба на две мали хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожуф

Стотици граѓани од Југоисточниот регион, но и од други делови од државата денеска се собраа кај локалитетот Смрдлива вода кај Гевгелија на протест против најавената изградба на две мали хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожуф.

Граѓанските иницијативи од овој крај бараат да се зачува природата и како што велат, последната река од која може да се пие вода, а концесиите за енергетските објекти да бидат одземени. Најавија дека ќе останат на планината и дека ќе ја бранат и со жив ѕид до повлекувањето на градежните машини.

На протестот тие ја прочитаа и Декларацијата за спас на Кожуф со која порачаа дека очекуваат од властите во следните два месеци да донесат одлука за стопирање на сите активности за изградба на малите хидроелектрани „Папрад“ и „Баров дол“ на реката Дошница, да почнат постапка Кожуф да се прогласи за национален парк, а подружниците на Државното претпријатие за шуми во Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија да станат јавно претрпијатие кое ќе управува со националниот парк.

„Бараме стопирање на сите активности поврзани со малите хидроцентрали на Дошница. Нема да дозволиме таа убавина да заврши како други реки каде што веќе се изградени вакви објекти“, вели Тодор Стојановски од иницијативата „Спас за Кожуф-Дошница“.

Активистите велат дека доколку Владата не ги исполни барањата, граѓаните сами ќе ја заштитат планината, ќе ги блокираат сите пристапи до неа и нема да дозволат било какви дејности на неа.

Од друга страна, тие се револтирани и што за двете мали хидроцентрали дознале пред неполн месец, кога багерите се појавиле на падините на планината. Досега никој од локалните власти не ги информирал за вакви инвестиции, не слушнале за јавна расправа за нив, ниту пак се сретнале со инвеститор.https://meta.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close