fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Протестен марш поради труењето на Крива Река од рудникот „Тораница“ и одговорот на институциите

Денеска во 12:30 часот ќе се одржи протест против загадувањето на Крива Река и во знак на револт од реакцијата на надлежните државни институции на хаваријата која се случи на 14 март.

Маршот, во организација на движењето „Зелен хуман град“ ќе почне пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а ќе заврши пред Пред Државниот инспекторат за животна средина.

Од граѓанското движење велат дека институциите што требаше да ја спречат и превенираат хаваријата во рудникот „Тораница“, не само што дозволија таа да се случи, туку и затаија.

„И кога надлежните затајуваат, од кого да очекуваме веродостојни и итни информации за квалитетот на водата од која се наводнуваат посеви и се напојува добиток? Сите сме загрозени! Да не беше риболовниот клуб „Мрена“ да земе мостра уште истиот ден на самото место, денес воопшто немаше да знаеме колку и со што е затруена Крива Река! Веќе не е важно дали си независен, партиски поддржувач, активист, апатичен, млад, стар, жена, маж, дете, куче, риба или птица. Важно е дека сите пиеме иста вода, дишеме ист воздух и јадеме храна од истата загадена почва. И сите ќе ја платиме цената“, пишува во најавата на протестниот марш на „Фејсбук“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close