Проверете колку ќе плаќате за струја со блок тарифи – достапен е калкулатор за споредба на сметките
Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува каква е разликата
Од вчера на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ( www.erc.org.mk ) е достапен калкутарор со кој секој граѓанин ќе може да направи споредба за сметките за струја меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа, односно за скапа струја. Калкулаторот е достапен на следниов ЛИНК.
„Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува каква е разликата“, рече на прес конференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, кој заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ го презентирае калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.