fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ПРВА БИО СУПА ОД ПЕЧУРКИ СОБРАНИ ДИРЕКТНО ОД НАШИТЕ ПЛАНИНИ – македонката Моника Стојанова „растури“ со својот иновативен производ

Создадовме нешто светско, но сепак, наше македонско, вака почнал разговорот со младата иноваторка, која за МИА споделила како дошла до идеја за добивање целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови.

Био – супа, индустриски произведена дехидрирана зеленчукова супа, без синтетски адитиви, збогатена со екстракти од медицински печурки, собрани од македонските планини, е најновиот иновативен производ на македонката Моника Стојанова, доктор на науки во областа на прехранбена индустрија, односно технолошка микробиологија.

Супите поседуваат антиоксидативни, антимикробни и имуномодулаторни својства, поради што спаѓаат во т.н. функционална храна, чии екстракти се произведени од македонски печурки и во македонски услови. Стојанова истражувањето го правела како докторант под раководство на универзитетски професори од Универзитетот во Белград.

Прва био – супа без синтетски адитиви, иновација на македонката Моника Стојанова - Канал 5

– Создадовме нешто светско, но сепак, наше македонско, вака почнал разговорот со младата иноваторка, која за МИА споделила како дошла до идеја за добивање целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови.

Со консумирање една порција дневно од био-супата се внесува нутритивно полновреден оброк, со биоактивни компоненти со антиоксидативно и антимикробно дејство.

Големата употреба на синтетички адитиви во храната инспирација за истражувањето

Идејата за истражувањето, направено под раководство на професорите, д-р Миомир Никшиќ и д-р Милена Пантиќ од Катедрата за технолошка микробиологија на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Белград, според Стојанова, дошла од потребата за безбедноста на храната и користењето синтетски адитиви за подобрување на бојата и аромата на производот, конзерванси и слично.

– Согледувајќи ги главните „критични точки“ во прехранбената индустрија во ланецот индустрија – квалитетна храна – потрошувачи, и инспирирани од помислата да се произведе целосно безбеден и квалитетен производ во индустриски услови, спонтано и низ долги разговори со моите професори, дојдовме до идеја да создадеме еден целосно нов производ. Да се соочиме со предизвиците во научното истражување, кои почнуваат меѓу лабораториските ѕидови и сето тоа да се обидеме да го имплементираме во практиката зачекорувајќи низ лавиринтот на индустриските погони. Накусо, така за првпат во Македонија и во светот настана нашиот нов производ био-супа, индустриски произведена дехидрирана зеленчукова супа, без примена на синтетски адитиви, а збогатена со екстракти од неколку видови диви печурки собрани од македонските планини, истакна Стојанова.

Прв производ со екстракт од македонски печурки

Истражувањето почнало со селекција и избор на три видови диви печурки, собрани од неколку локации во државата: Suillus granulatus, јадлива печука со народно име волчјо лепче и медицинските Coriolus versicolor, познати како мисиркина опашка и Fuscoporia torulosa.

– Најнапред беа извршени детални хемиски анализи на свежите, а потоа и на сушените печурки. Потоа, во лабораториски услови произведовме екстракти од овие печурки. Со оглед на тоа што до сега не постоеја никакви истражувања за биолошкиот потенцијал на македонските печурки, на почетокот немавме никакви очекувања ниту предвидувања во оваа насока. Затоа, спроведовме детални хемиски и биолошки анализи на добиените екстракти, кои меѓу другото опфатија утврдување на содржината на феноли, флавоноиди, глукани, протеини, in vitro утврдување на антиоксидативниот, антимикробниот и антиканцерогениот потенцијал. Бевме навистина пријатно изненадени кога почнавме да ги добиваме резултатите, кои беа фасцинантни. Реткост е сите овие компоненти да се најдат во толку големи концентрации собрани во еден производ, појаснува Стојанова, нагласувајќи дека тие можат да се искористат како додаток во било кој производ.

Овој производ, како што подвлече, е прв од ваков вид во светски рамки.

– Позната е употребата на екстракти од печурки како реиши, кордицепс, маитаке и други во кафе, чај, козметички производи. И во Македонија имаме производи во чиј состав ги има тие екстракти од печурки. Но, тоа се увозни печурки/екстракти, па и производи, од странско поднебје, истакна Стојанова, која пред само четири години иновираше македонски традиционален колбас без хемиски адитиви.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close