fbpx
Вести

Почна жетвата на јачменот во Овче Поле

Комбајните на комбинатот „Агриа“ влегоа во нивите, со што и стартуваше жетвата на јачменот во овчеполскиот регион, втората по големина житница во земјава. Производителите забележуваат дека приносите се рекордни од 3.000 до 5.000 килограми од хектар, а исто така и квалитетот е одличен на јачменот, кој е познат како храна за стоката.

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека ова е најголемиот ден во годината за полјоделците, бидејќи стартува жетвата на житните култури. Тој информира дека во интерес на земјоделците, кои засега се соочуваат со ниска откупна цена на јачменот од само шест денари за килограм, Групацијата на одгледувачи на свињи донесе одлука оваа житна култура да ја откупуваат по осум денари плус ДДВ.

– Пред да ја донесеме одлуката, ние ги имавме предвид неколкуте фактори, како на пример цената на јачменот на берзите во соседните земји, како што се во Бугарија и Србија, овогодишниот род и квалитетот и продажната цена на свињите. Моменталната продажба на свињите е незадоволителна и многу ниска се движи од 70 до 80 денари за килограм, вели Шаклев.

Тој забележува дека оние кои што го произведуваат јачменот сигурно нема да бидат задоволни, но и оние кои што го откупуваат. Засега оваа цена е превисока за сточарите, кои што во моментов едвај преживуваат од производство на млеко и месо. Но, Шаклев вели дека се надеваат на подобрување на состојбите во сточарството во текот на народиот период.


 

а1он

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close