fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Птичјиот грип ни тропа на врата: Сопствениците на живинарски фарми во страв

Овој вирус не се превенира со употреба на вакцини.

Македонските живинарски фарми стравуваат од ширење на птичјиот грип поради кој во Бугарија ќе бидат уништени 39.000 кокошки. Сопственикот на „Везе Шари“, една од најголемите живинарски фарми кај нас Абдулезел Догани, во изјава за „Слободен печат“, вели дека секојдневно се спроведуваат засилени сигурносни мерки со што значително е намален ризикот од контакт со вирусот, но вели, ако се појави птичјиот грип, ќе мора да се уништи цело јато.

– Појавата на птичјиот грип е поврзана со миграционите птици кои ја прошируваат болеста. Македонија не им е на патот на птиците, па затоа и се надеваме дека болеста нема да се прошири кај нас. Сепак, спроведуваме засилени сигурносни мерки, ги изолираме птиците со цел да немаат допирни точки со други диви птици, влезот во фармата строго го контролираме, односно секој што треба да влезе кај птиците задолжително пополнува прашалник, дали имал контакт со друга фарма или птици, вели Догани.

Тој нагласува дека не станува збор за болест од која би требало да стравуваат луѓето, иако и тие можат да бидат преносители.

-Птичјиот грип е заразна болест која се лечи, но поради истата се уништува целото јато, по што се чека да помине подолг период пред повторно да се продолжи процесот на чување живина. Тоа би предизвикало огромни економски штети. Ние во „Везе Шари“ имаме 120 илјади кокошки, замислете ако треба сите да ги погубиме, дополнува Догани.

Преносител на птичјиот грип може да биде и човекот доколку имал контакт со заболена живина, но последици по здравјето на луѓето од овој вирус, нема. Истиот не се пренесува преку храна која е термички обработена.

Овој вирус не се превенира со употреба на вакцини.https://www.slobodenpecat.mk/ptichjiot-grip-ni-tropa-na-vrata-sopstvenicite-na-zhivinarski-farmi-vo-strav/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close