“Пуле” – магарешко сирење, 1кг.-1000евра

(Oвој напис е објавен на: May 16, 2019)

Слободан Симиќ, иноваторот на овој производ на овие простори, веќе 10 години работи на проектот Пуле. Сирењњето Пуле, што значи магарешко ждребе,  е комбинација од 60% магарешко и 40% козјо млеко.

Се произведува само на едно место – во специјалниот резреват ,,Засавица,, чии директор е Слободан Симиќ, Тој 10 години низ просторите на екс Југославија купувал магариња и сите му се смееле – но денес се каат.

Слободан во шталите денес има 120 магариња. А првите магариња ги купил во Македонија и Рашката област за цена од 150 евра, изјави Слободан за српски Телеграф. Од магарињата од Македонија го добил млекото за стартот на производството на ,,Пуле,, сирење за кое тврди дека ќе стане светски бренд и најдоброто од Србија.

Ова сирење е скапо бидејќи за да се направи само еден килограм потребни се 25 литри млеко, за што на магарицата и треба 6 месеци да ги даде. Килограм од ,,Пуле,, чини илјада евра.

Годишно се произведат ограничени количини – од 100 до 150 килограми. Пакувањато е 50 грама и е само за извоз. Успеал да направи навистина екслузивен производ.

Сирењето е сушено на чад во специјална просторија. До сега најскапо сирење во светот беше од млекото на лос и чинеше 500 евра, но магарешкиот е многу подобар, тврди Слободан.

,, За хранливоста на магарешкото млеко и да не зборувам, тоа е факт. Слично е на мајчиното, содржи алергени, 60 насто повеќе витамин Ц отколку кравјото млеко,, вели Слободан.

,, Во Италија видов колку ги ценат овие животни, а кај нас од помодарство ги отфрламе. Таму од нив прават креми за лице, сапун за раце, белгијанците прават ликер од магарешкото млеко. Набрзо ќе има и димено сирење од магаре кое ќе носи епитет ,,најдоброто од Србија ,, вели Слободан.


 

zase.mk

Share Button