fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Рајска градина среде училиштен двор – еколошко нане, жалфија, рузмарин, оригано и лаванда

Учениците и наставниците од битолското земјоделско-ветеринарно училиште „Кузман Шапкарев“ се горди со екоботаничката градина со чаеви и со зачински билки.

За градината, која постои од април 2023 година, секојдневно се грижат учениците, поддржани со практични совети и решенија од стручните професори.

– Целта ни е да придонесеме за подигање на свеста кај земјоделските производители за заштита на почвата од загадување со плевел и со пестициди. Сакаме нашата градина да биде модел за органско производство како во локалната средина така и во државата – појаснуваат од битолското средно училиште. Овој проект излезе од традиционалните рамки на учење и со понудата на нови можности за одгледување здрава храна, наиде на одѕив и во локалната средина, односно во локалните училишта.

Учениците и наставниците од битолското земјоделско-ветеринарно училиште „Кузман Шапкарев“ се горди со екоботаничката градина со чаеви и со зачински билки. Градината се наоѓа во училишниот двор и се разликува од многу други поради органскиот пристап кон производство. Всушност, растенијата се садат на здрава почва, облагородена со природно ѓубриво, не се користат никакви хемиски препарати и пестициди, а се наводнува со систем капка по капка.

– Целта ни е да придонесеме за подигање на свеста кај земјоделските производители за заштита на почвата од загадување со плевел и со пестициди. Сакаме нашата градина да биде модел за органско производство како во локалната средина така и во државата – појаснуваат од битолското средно училиште.

За оваа градина, која постои од април 2023 година, секојдневно се грижат учениците од ова училиште, поддржани со практични совети и решенија од стручните професори.https://www.vecer.press

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close