вестиСоветиТоп вести

РАСАДУВАЊЕ НА КРОМИД СРЕБРЕЊАК / ЗИМСКИ КРОМИД/

 

Растенијата се подготвени за расадување во есенскиот период кога ќе формират лажно стебло со дебелина на молив, 3-4 прави лисја и добро развиен секундарен коренов систем . За успешно производство значајно е расадувањето да се изврши благовремено во период од 25.10 – 10.11 за да можат растенијата добро да се вкоренат и така по безболно да ја издржат зимата. За производство треба да се изберат површини со јужна експозиција, кои што напролет побрзо се загреваат и овозможуваат подобар раст на растенијата.

Кромидот бара растресита почва. Подготовката на почвата за расадување се состои во добра обработка и ѓубрење со прегорено арско ѓубре 20т/ха кое во почвата се внесува со орањето. Истовремено се внесува и комбинирано ѓубре со потенцирана содржина на фосвор во количество 400-500 кг/ха, обично NPK 10:30:20. Доколку не се употреби арско ѓубре минералните ѓубрива се зголемуваат на 700-800 кг/ха.

Расадот пред расадувањето во леата добро се залева, а потоа се корне и со остар нож се сече коренот на околу 1-2 см а лисјата за 1/3. Оваа мерка овозможува побрза регенерација на кореновиот систем со послаба транспирација, што влијае врз подобро прифаќање.

Кромидот – сребрењак се сади на растојание меѓу редовите 20-30 см а во редот 5-10см. По прифаќањето на растенијата треба веднаш да се пристапи кон окопувањето /пред зимата/ , а рано напролет да се прихранат со азотно ѓубре. Во рана пролет доколку нема врнежи пожелно е да се извршат 2-3 наводнувања кои ќе допренесат за формирање на сочни плодови.

Главна карактеристика на кромидот сребрењак е таа што е студо отпорен, неутрален е кон должината на денот и има брз пораст. Кромидот може да се користи млад за зелено или подоцна за луковица .

 

АПРЗ

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close