вести

Растат трошоците на живот, во февруари повисоки за 1,9 отсто

(Oвој напис е објавен на: март 7, 2018)

hrana

Трошоците на живот во февруари годинава во однос на претходниот месец бележат раст од 0,2 отсто, а во однос на февруари лани 1,9 проценти. Во февруари годинава во однос на јануари 2018 година цените на мало бележат раст од 0,1 отсто, а во однос на февруари лани 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 5,3 отсто, замрзнатите морски плодови за 1,1 отсто, месото за 0,9 отсто, другите  преработки од месо за 0,8 отсто, свежата и разладената риба за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто.

Во февруари 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 3,8 отсто, течните горива за домаќинствата за 1,5 отсто, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 1,4 отсто, мебелот за домаќинствата за 1,2 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 0,8 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,6 отсто, авионскиот превоз на патници, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,4 отсто, текстилот за домаќинствата, малите
електрични апарати, услугите за одржување на станот, резервните делови за сообраќајните средства, другите лични предмети за 0,3 отсто, обувките, средствата за чистење и одржување на станот и информатичката опрема за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,9 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,7 отсто, другите прехранбени производи за 0,6 отсто, другите пекарски производи, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,5 отсто, другите преработки од риба и морските плодови,  јајцата за 0,4 отсто, оризот, млекото и јогуртот за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 2,8 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 1,6 отсто, цврстите горива за 1,1 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,9 отсто, теписите и другите покривки за под, парамедицинските производи за 0,6 отсто, облеката, стаклените садови, кујнискиот прибор и другата опрема за 0,5 отсто и услугите за сместување за 0,3 отсто.


 

курир.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close