Расте извозот на македонски производи во Русија
Русите со огромен интерес за македонските производи. Извозот лани зголемен за речиси 40 отсто споредено со 2015.
Најмногу се извезувале овошје и зеленчук, вино, како и производи од машинската и фармацевтската индустрија.
Бројките како што потенцираат надлежните, го потврдуваат квалитетот на домашното производство. Годинава се очекуваат уште подобри резултати.
Од Комората велат дека учеството на саемите во Русија има голем придонес за промоција на компаниите. Директните контакти донеле нови склучени договори. Кон крајот на минатата година на руската трпеза се најдоа и македонските млечни производи.
Иако домашните компании немаат капцитет да задоволат ниту половина од рускиот пазар, имаат можност за пласман на производите во одредени руски региони. Шансата е двојна по воведувањето на руско европското ембарго.
Засега нема македонска компанија од месната индустрија која извезува во Руската Федерација. Македонските компании користат суровини од ЕУ а руското ембарго на прехранбени производи од ЕУ сеуште трае.