fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Раствор од кој пиперките и другите билки забрзано ќе растат

За градинарите аматери!

Во последно време сè поголем е бројот на градинари аматери кои се заинтересирани за одгледување на домашни, органски пиперки, а исто така има и земјоделци кои сакаат да одгледуваат нови сорти на пиперки кои го привлекуваат вниманието со својот облик, боја, големина и лутина.

За да имаат убави листови и младите билки побрзо да бујат, а подоцна да дадат повеќе цветови и плодови, потребно е правилно да се прихрануваат. Како прихрана може да се најдат бројни различни производи на пазарот, но доколку сакате органско производство, тогаш билките можете да ги поѓубрите на сосем природен начин.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 супена лажица сув квасец, 1 супена лажица сода бикарбона и 1 литар топла вода. ПОСТАПКА: сите состојки промешајте ги додека да се растворат и оставете покриено да отстои два часа. Потоа, целата оваа содржина растворете ја со 10 литри вода на собна температура.

Со оваа течност залејте ги вашите билки. Квасецот содржи витамин Б, минерали и други состојки кои благопријатно им делуваат на билките. Со додавање на квасецот во почвата значително се зголемува количеството на азот и фосфор кои им се потребни за да растат и бујат, а воедно им се јакне и кореновиот систем.

Сода бикарбоната спречува заболување на корењата како и разни габични заболувања кои се честа појава кај билките. И, како што веќе напоменав, овој еден литар растворен квасец со сода бикарбона, треба да се разблажи во 10 литри вода, што значи на секој литар обична вода за залевање да додавате по 100 мл од растворот.

РЕЗУЛТАТ: Ја зголемува отпорноста на билките од болести, суша, студ и други штетни влијанија, преку зајакнување на нивниот општ имунитет. УПОТРЕБА: Со овој раствор залевајте ги билките два до трипати месечно.

https://nmd.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close