fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедува повеќе пари за човечкиот капитал, велат од СДСМ

Власта смета дека ова ќе резултира со економски раст и подобар животен стандард на граѓаните.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари, односно за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.

Наш фокус е имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за унапредување на условите во здравствениот, образовниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина.

Со предложениот ребаланс на Буџетот се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечкиот капитал, односно во здравство и социјална заштита, образование, што споредено со периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра.

Ребалансот на Буџетот за 2021 година е во насока на владините приоритети, кои до истекот на годината ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија.

Овој важен документ е силен доказ за заложбите на СДСМ и коалицијата за градење стабилна, развојна економија која создава зголемен раст и носи шанса за сите.

Испраќаме апел до сите пратеници да покажат одговорност и да гласаат за усвојување на ребалансот на Буџетот за 2021 година, се наведува во соопштението на СДСМ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close