fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Почна откупот на грозјето, 12,5 денари за смедеревка и 16 денари за вранец!

Основната цена по која оваа година се откупуваат најзастапените сорти е дефинирана на 12,5 денари за килограм смедеревка и 16 денари за вранец, што претставува зголемување од 20% до 35% во однос на минатогодишната цена која беше препорачана од страна на ресорното министерство.

Денеска во Кавадарци во винарската визба „Тиквеш“ започна  годинешниот прием на винско грозје. Планирано е годинава да се откупат над 30 милиони килограми квалитетно грозје. Со лозарите- партнери   потпишани се над 2.000 договори за деловна соработка со кои веќе се обезбедени  над 28 милиони килограми грозје.

Основната цена по која оваа година се откупуваат најзастапените сорти е дефинирана на 12,5 денари за килограм смедеревка и 16 денари за вранец, што претставува зголемување од 20% до 35% во однос на минатогодишната цена која беше препорачана од страна на ресорното министерство.

Истовремено, согласно на својата трајна определба да го стимулира производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат од потрошувачите на домашниот, а особено на странските пазари, најстарата винарија во Македонија  и оваа година нуди за 50% повисоки цени за грозје со висок квалитет, кое е произведено согласно светските стандарди и критериуми за квалитет.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close