fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Речиси 90.000 работници се уште ја чекаат априлската плата

Во оваа бројка влегуваат и оние кои работат за минималец од 18 илјади денари.

Речиси 90 илјади работници се уште ја чекаат априлската плата, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Во оваа бројка влегуваат и оние кои работат за минималец од 18 илјади денари.

Дел од работодавачите доцнат затоа што аплицирале за субвенции за минимална плата и се уште ја чекаат државната помош, кај дел  причините се по други основи.

Состојбата со платите во март е  нешто подобра. За овој месец над 7.000 работници чекаат да добијат плата за тоа што го сработиле.

Од УЈП веќе ги опоменале овие работодавачи и ако не си ја исполнат законската обврска во утврдените рокови,  ќе им бидат блокирани сметките.

Од УЈП  ги образложија и резултатите од направените контроли кај трговци во изминатиот период.

Кај три ланци на маркети  е евидентиран кусок од околу 70 милиони денари, по основ на продадена,  а не евидентирана роба.

„КАЈ ЕДЕН ОД МАРКЕТИТЕ КОНТРОЛА Е ИЗВРШЕНА НА 21. 22. МАРТ СО 82 ДЕЛОВНИ ЕДИНИЦИ, ОДНОСНО МАРКЕТИ И МАГАЦИНИ. КОНСТАТИРАН Е КУСОК ОД 36 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ПОНАТАМУ ЌЕ ИМА И ДРУГИ АНАЛИЗИ. НА СИТЕ ТРИ ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ ОД СТРАНА НА УЈП ЌЕ ИМ СЕ НАПЛАТАТ ОКОЛУ 15 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПО ДВА ОСНОВИ (ПЕРСОНАЛЕЦ И ДДВ).“ ВЕЛАТ ОД УЈП.

И покрај  проблемите  со кои се соочуваат  фирмите поради глобалната криза, од УЈП уверуваат дека наплатата на даноците оди добро.

Зголемување на наплатата има кај данокот на добивка, кај персоналецот но и кај ДДВ-то.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close