fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Редовна и тематска седница на Владата, на дневен ред ИПА 3 и интервентниот фонд во земјоделството

Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3, инструмент за претпристапна помош.

Владата денеска ќе ја одржи редовната 34. седница на чиј дневен ред  меѓу другото, ќе бидат програмите за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година и на Програмата за спроведување на интервентниот фонд во земјоделството.

Разгледан ќе биде и Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС).

Како што соопшти владината прес-служба, пред оваа седница закажана за 12:30 часот, ќе биде одржана уште една, тематска, со почеток во 12:00 часот, на која ќе се разгледува Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3, инструмент за претпристапна помош.

-За донесените одлуки и заклучоци од денешните седници, јавноста ќе биде информирана со одделни соопштенија, по нивното завршување, наведуваат од Владата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close