fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Не потпишувајте договори за тутун додека не се договори покачување на цените по класи, апелира ИО

Игор Мирчески од ИО вели дека одредни откупувачи почнале да бараат од своите кооперанти да потпишуваат договори за новата реколата, па предупредува дека без да се седне на маса со откупувачите и МЗШВ да не се презема ништо.

Иницијативниот одбор на „Тутунари од Македонија“ упатува апел до тутунопроизводителите да не потпишуваат договори за откуп на тутунот за новата реколта 2021 година, се додека не се договори покачување на цените по класи.

Игор Мирчески од ИО вели дека одредни откупувачи почнале да бараат од своите кооперанти да потпишуваат договори за новата реколата, па предупредува дека без да се седне на маса со откупувачите и МЗШВ да не се презема ништо.

-Ги повикуваме тутунарите од целата држава да не потпишуваат никакви договори, со ниту еден комбинат се додека не се седне на маса со откупувачите и МЗШВ каде ќе мора да има покаќување на цените по класи, измена на правилникот з америла на квалитетна и квантитена процена на суровиот тутун во лист. Потоа измена на правилниците за зелена таксација и уште еден куп суштински промени кои ќе придонесат за подобрување на целокупниот процес за да не ни се случи уште една ваква катастрофална реколата , да си ги решиме проблемите на време. Сега е моменто да се делува, порачува Мирчески од „Тутунари на Македонија“.

Вчера министерот за земјоделие Арјанит Хоџа гостувајќи на радио емисија во Прилеп порача  тутунопроизводителите да не произведуваат отповеќе тутун, туку според договорите.

-Ги повикав тутунопроизводителите, оваа година да произведат тутун согласно договорите. Да не го зголемуваат производство непланирано и вон договореното, со цел да не се создава вишок, бидејќи така се предизвикува притисок кон откупните компании и се раѓа незадоволство кај тутунопроизводителите. Договорното производство е клучниот фактор за успех.
А.Б

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close