Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Регулаторна: Горивата поевтинуваат по еден денар
По минатонеделното зголемување на цените, оваа недела сите горива поевтинуваат по еден денар.
Во согласност со методологијата која се користи за формирање на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.91%.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат по еден денар за литар. Тоа значи дека од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 72.00 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 74.00 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 62.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.