fbpx
Вести

Реката Лакавица пресуши

Целосно пресуши река Лакавица. Коритото остана без вода и без секаков знак за живот. Мештаните кои ги најдовме на градскиот пазар каде ги продаваат земјоделските производи произведени во Лакавичко велат дека ова е еколошка катастрофа од невидени размери.

– Целиот жив свет е уништен. Од вливот во р. Брегалница до Мантово нема капка вода-изјави жител на с. Лакавица.

Од водостопанство „Радовишко поле“ кое стопанисува со хидроакумулацијата „Мантово“ уверуваат дека од браната се испушта 25 литри вода во секунда, што треба да го задоволи биолошкиот минимум, но бидејќи Лакавица е река понорница водата се губи во коритото. Инспекциските служби утврдиле и дека минималните количини на вода се влеваат во диво ископаните рибници. За разлика од Лакавица, река Брегалница има невообичаено висок водостој за овој период од годината.

– Мерењата што ги имам извршено пред 10 години покажуваа 1 метар кубен вода во секунда. Сега варира до некоја висина од 8 до 9 метри кубни проток во секунда-изјави Киро Маџунаров, овластен мерач на водостој од УХМР

Се претпоставува дека високиот водостој е резултат на спуштањето на коритото на реката со текот на годините, што доведе до брзо исцедување на водите од оризовите полиња.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close