ВестиМакедонија
Реконструкција на локален пат од Пробиштип до село Стрмош
Граѓаните на Пробиштип, а пред се младата популација добиваат спомен парк и Дом на култура, а со тоа и побогат културно - забавен живот, а жителите на с.Стрмош добиваат модерно патно поврзување со градот.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, заедно со градоначалникот на општина Пробиштип – Драган Анастасов извршија увид на тековните проекти кои ги финансира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Трите проекти кои на дело ги спроведуват општината и градоначалникот се во висина од 52 милиони денари, од кои 40 милиони денари се грант од Агенцијата.
Граѓаните на Пробиштип, а пред се младата популација добиваат спомен парк и Дом на култура, а со тоа и побогат културно – забавен живот, а жителите на с.Стрмош добиваат модерно патно поврзување со градот.
Како Агенција продолжуваме со поддршка во развојот на руралните општини и подобрување на условите за живот од инфраструктурен и културно – туристички аспект.
Реконструкција на Културен дом – Пробиштип
Реконструкција на спомен парк на револуцијата и поставување на урбана опрема
Реконструкција на локален пат од Пробиштип до село Стрмош, објави Бачовски.