fbpx
Вести

Русија ќе стане светски лидер во извозот на пченица

Во средината на август 2016 година Министерството за земјоделство на САД (USDA), чија аналитичка агенција се смета како една од најавторитетните во светот, даде сензационална изјава: во започнатата земјоделска 2016/17 година „Русија за прв пат ќе стане најголем извозник“. Според податоци на Министерството таков силен резултат земјата успеала да постигне благодарение на „оптималните временски услови, ефикасниот менаџмент на движењето на зрното на пристаништата и стабилното снабдување во годината“.

rusija kje stane svetski lider vo izvozot na pchenica

 

Според прогнозата на USDA Русија може на светскиот пазар да продаде 30 милиони тони пченица, претекнувајќи ги сите 28 земји од ЕУ земени заедно. Лошата жетва, со која се соочи оваа година ЕУ отвора пред Русија нови пазари. „Русија има транспортни и логистички предности за да ги прошири своите позиции во Северна Африка, во регионот на Африка јужно од Сахара и на Блискиот Исток. Земјата лесно може да го зголеми својот удел на пазарот во овие области, доколку замени дел од извозните квоти за ЕУ“, се наведува во извештајот. Вкупно, според податоци на USDA, оваа година во Русија се очекува да бидат собрани 72 милиони тони пченица. Министерството за земјоделство на Русија предвиде 73 милиони тони пченица, бидејќи ја зеде предвид и жетвата во Крим.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close