вестиДвор и градина

Сардела (Pelargonium)

(Oвој напис е објавен на: април 13, 2017)
sardela
Éfip

 

Сарделата потекнува од Јужна Африка, а е исклучително популарно растение кое цвета и одлично вирее во краевите со континентална клима. Може да ја чувате на прозорецот, балконот или во градината. Важно е само да има доволно сончева светлина и топлина за да може да цвета. Имаат еднослојни или повеќеслојни цветови во голем спектар на бои.
Има околу 3000 различни видови на сардела, а по начинот на кој растат може да се поделат во две основни групи: -видови кои растат вертикално, како грмушки. Имаат кадифени листови, специфичен мирис, а може да пораснат до 90cm. -видови кои висат или ползат. Имаат мазни листови кои потсетуваат на бршлен.
При одгледувањето на сардели треба да се води сметка да имаат доволно светлина и да се посадени во земја со добро пропустливост. Посадете ги во хумусна земја која е растресита за да не ја задржува водата. Помеѓу две залевања оставете ја земјата малку да се исуши (пипнете ја, и кога ќе почувствувате дека е сува 1 cm од површината тогаш залејте ја). Не ги оросувајте листовите. Во периодот на интензивен раст (април – септември) прихранувајте ги два пати месечно со вода во која сте додале течно ѓубриво за растенија кои цветаат.
За да имаат убав грмушкаст облик треба да ги кратите врвовите на младите гранчиња. Редовно отстранувајте ги овенатите цветови за да се продолжи времето на цветање. Се размножуваат едноставно со резници, од јуни до август. Одберете гранче од 7- 10cm, одрежете го со рамен остар рез под коленцето, отстранете ги сите листови освен двете ливчиња на врвот, и забодете го во земја. Ставете го на светло место без директно сонце и редовно залевајте го. По две седмици веќе е закоренето и може да го пресадите. Со доаѓањето на ниските температури, ако сакате да ги сочувате треба да ги сместите на сигурно место без мраз. Скратете ги отприлика на 20cm, отстранете ги овенатите и оштетени листови и цветовите, и залевајте ги многу ретко, еднаш месечно. Ако ги ставите во просторија во која нема воопшто светлина, тогаш земјата треба да биде сосема сува, а во текот на зимата не ги залевајте. Ако немате доволно простор за да складирате многу саксии и жардиниери, тогаш што е можно подоцна во есен земете резници, закоренете ги, и чувајте ги на температура од околу 7°С. Ретко залевајте ги. Во пролет преместете ги на топло место и почнете повеќе да ги залевате, пресадете ги, и кога ќе бидат добри условите изнесете ги на отворено.

Chat Conversation End
Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close