Рузмарин (Rosmarinus officinalis) е ароматично растение кое се сретнува на Медитеранот, во САД и Мексико. Рузмаринот е совршено растение кое треба да го имате во градината. Рузмаринот е една од билките познати по изобилството на хранливи фито-материи, антиоксиданси и есенцијални киселини.
Рузмаринот е моќен антиоксиданс кој го зголемува протокот на крв кон мозокот и го заштитува мозокот од слободните радикали, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар и болести како Алцхајмеровата болест.
Оваа билка ја зголемува будноста и концентрацијата при што води до поефективно извршување на задачи кои се поврзани со помнење.
Се верува и дека рузмаринот го стимулира имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја подобрува дигестијата на храната.
Рузмаринот често се користи за маринирање на месо и има добра причина за тоа. Тој содржи киселини и супстанции кои се борат против бактериите и го спречуваат расипувањето на месото, а и го прават готвеното месо поздраво.
Лисјата од рузмарин содржат одредени фито-хемикалии кои имаат значајна улога во спречувањето на развојот на болестите и одржувањето на доброто здравје.
Свежите листови од рузмарин се добар извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Овој витамин е потребен за синтезата на колаген во организмот. Колагенот е главниот структурен протеин кој е неопходен во телото за одржување на интегритетот на крвните садови, кожата, органите и коските. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на телото во заштитата од скорбут, создава отпорност на воспалителните агенси (го засилува имунитетот) и помага во собирањето на штетните, воспалителни слободни радикали од телото.
Рузмаринот содржи многу добра количина витамин А. Витаминот А има антиоксидантски својства и е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржувањето на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А го заштитува организмот од рак на белите дробови и усната празнина.
Деловите од растението, особено цветовите, содржат фенолна антиоксидантска рузмаринска киселина, како и бројни есенцијални масла кои го одржуваат здравјето, како што се: цинеол, камфен, борнеол, борнил ацетат, алфа-пинен, итн. Овие соединенија имаат потврден ефект на смирување на иритации, како и антивоспалителни, антиалергиски, антигабични и антисептични својства.
Билката е одличен извор на железо. Железото, со оглед на тоа што е клучна компонента од хемоглобинот, го одредува капацитетот за пренос на кислород во крвта.
Како лек се користи за следниве болести:
Анемија, болести на срце и крвни садови, циркулација, настинка, грип, бронхитис, кашлица депресија, стрес, несоница, главоболка, мигрена, проблеми со варење и апетит, надуеност и болки во стомакот, реума и артритис, вкочанети мускули, гихт, проблеми со кожата и косата (опаѓање и првут), проблеми со црн дроб и жолчка, болести на устата, некои видови рак, нервоза, концентрација и помнење, ги чисти бубрезите од отрови и сл.
Извор: Денар.мк