fbpx
ВестиТоп вести

Илјадници Британци ќе мора да помогнат за собирање на приносите во земјоделството

Tractor spraying soybean field at spring

 Илјадници Британци треба да помогнат во собирањето на реколтата, бидејќи сезонските работници од другите делови на Европа не можат да патуваат поради карантинот, соопшти британскиот министер за животна средина, храна и рурален развој, Џорџ Еустис.

Според Еустис, околу 30.000 луѓе од ЕУ, годишно доаѓаат на сезонска земјоделска работа, но сега се пристигнати само една третина.

–  Имаме потреба од значителен број Британци, особено оние кои се на годишен одмор, кои имаат можност ако сакаат, изјави Еустис.

– Имаме интерес од луѓето кои сакаат да се приклучат. Потребни ни се околу десет илјади луѓе за оваа работа, додаде Еустис.

Тој истакна дека пикот на новиот коронавирус  се очекува кон крајот на мај и во текот на јуни.


 

24info.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close