fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

САД вратиле голем број пратки со месо во Австралија поради фекалии

Организациите за безбедност на храна го припишуваат овој проблем на австралискиот систем, кој им овозможува на компаниите да го проверуваат сопственото месо наместо државните инспектори.

Американските функционери за безбедност на храна вратиле голем број пратки со месо во Австралија од 2019 година поради контаминација со фекалии, што ги затегна трговските односи меѓу двете земји, јавиа западни медиуми кои имале увид во документите.

Организациите за безбедност на храна го припишуваат овој проблем на австралискиот систем, кој им овозможува на компаниите да го проверуваат сопственото месо наместо државните инспектори. Слични напори за приватизација на инспекцијата има и во други големи земји-производители на месо, вклучително и во САД.

Во 2020 година, американската служба за безбедност и контрола на храната (FSIS) отфрли десет пратки месо од Австралија, која е втор најголем американски снабдувач на оваа храна, поради контаминација со фекалии или други дигестивни материи. Во 2019 година, една, и една година претходно, беа вратени четири пратки австралиско месо, според внатрешните податоци на Министерството за земјоделство на САД (USDA). Канада и Нов Зеланд, два други големи американски добавувачи на месо, имаа по една одбиена пратка поради тој тип на контаминација во 2020 година, покажуваат внатрешните податоци, а Мексико, уште еден голем снабдувач на месо на американскиот пазар, немаше вратени пратки.

Од истите причини, уште три пратки месо се вратени во Австралија во првите два месеци од оваа година, една е вратена во Нов Зеланд, а ниту една во Канада и Мексико, покажуваат податоците.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close