Саемот на вино Отворен Балкан можност за заеднички пласман на виното и храната
-Винската визија Отворен Балкан е еден од првите заеднички чекори во конкретизирање на идеите и стратегијата на „Отворен Балкан“.
Во пресрет на Саемот на виното Отворен Балкан (ОБ) од 1 до 4 септември во Белград што го организираат владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, во Србија сметаат дека овој настан преставува една од првите конкретизации на идеите и стратегиите на ОБ, како и можност за заеднички пласман на пазарот на виното и храната, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, изјави дека овој настан е единствен не само поради презентацијата на винскиот гастрономски туризам, туку и поради промоцијата на туристичките дестинации на земјите од Отворен Балкан.
-Винската визија Отворен Балкан е еден од првите заеднички чекори во конкретизирање на идеите и стратегијата на „Отворен Балкан“. Оваа манифестација е резултат на заедничката работа на три земји и идеална можност не само да се позиционираат балканските вински рути на светската мапа на вински тури, туку и нашите земји подобро и полесно да се утврдат на светската мапа на атрактивни туристички дестинации, рече Матиќ.
Според соопштенеито на нејзиното министерство, таа оцени дека очекува „Wine Vision Open Balkans“, кој на првата година од одржувањето ќе собере изложувачи од регионот, но и од целиот свет, да стане традиционална манифестација и еден од неизбежните европски фестивали за гастрономија и туризам.