fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Само три отсто од жителите на Неготино го осигурале имотот

Земјоделско осигурување имаат 180 лозари во општина Неготино, а секој шести од нив пријавил штета од последното невреме со град кој оштети лозови насади

Триесет лозари од регионот на Неготино пријавиле штети до осигурителните компании по силното невреме со град што го зафати овој крај кон средината на август. Полиси за земјоделско осигурување имаат вкупно 180 осигуреници физички лица во општина Неготино, а секој шести од нив пријавил штета врз своите лозови насади, покажуваат официјалните податоци кои Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) ги обезбеди од осигурителните компании.

Три осигурителни компании склучувале договори за земјоделско осигурување со земјоделци, најголем дел лозари, од општина Неготино. За овој период има вкупно 188 земјоделски осигурувања од кои 180 полиси на индивидуални земјоделци, а 8 договори за осигурување склучиле компании од овој крај кои се занимаваат со лозарство и земјоделство.

Истовремено повеќе од 50 лозари кои немаат земјоделско осигурување пријавиле штети до општинската управа со молба државата да им утврди и исплати надомест на дел од штетата што им ја нанело невремето. Оваа пракса, со која државата обештетува пост-фестум и долг период наназад ги демотивира земјоделците да ги осигуруваат своите посеви и плодови, наскоро ќе биде укината. Тоа го предвидува новиот закон што се подготвува со кој земјоделското осигурување ќе стане задолжително и во уредувањето на процесите активно ќе учествува државата во соработка со сите компании за неживотно осигурување.

Штети врз осигуран имот, по силното невреме во Неготино, пријавиле вкупно 19 осигуреници од кои 18 се физички лица и една компанија. За овој период на територија на општина Неготино сите 11 компании за неживотно осигурување имале 734 полиси со кои осигурувале имот. Од нив 562 договори за осигурување имот се на физички лица, а 172 полиси имаат фирми и други правни субјекти со седиште во Неготино.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close