вестиТоп вести

Вработените на Lactalis MK се грижат вашите омилени млечни производи да бидат достапни!

Во пресрет на моменталната ситуација, Лакталис МК ги уверува своите потрошувачи дека компанијата ги презема сите мерки за претпазливост со кои се намалува ризикот за ширење на вирусот Covid-19. Превентивните мерки се преземаат со цел заштита на вработените, но и на купувачите, кои и понатаму ги очекуваат своите омилени производи од брендовите Алпско, Президент, Идеал Шипка, Дукат на нивната трпеза.

Како компанија која застапува повеќе брендови на прехранбени производи, Лакталис МК е целосно организирана за да обезбеди непрекината услуга за купувачите и ќе продолжи редовно да ги снабдува продажните објекти на целата територија на Северна Македонија. Исто така, Ве информираме дека магацинскиот простор на компанијата располага со доволно залихи за претстојниот период. Производните погони се беспрекорно организирани со цел да се обезбедат сите највисоки стандарди, а потрошувачите да добијат врвни производи.

 

Посебна благодарност сакаме да искажеме до сите вработени во Лакталис МК, кои со нивната професионалност, самоодговорност, трпение и мотивираност придонесуваат за ситуацијата да остане под контрола, несебично вложувајќи се во корист на крајниот потрошувач. Вие сте нашите херои!

 

Апелираме граѓаните да ги почитуваат и да се придржуваат до мерките на Министерството за здравство. Лакталис МК испраќа желби за добро здравје и брзо надминување на новонастанатата ситуација и истовремено им се заблагодарува на медицинските лица за нивната континуирана грижа во овие тешки моменти. Здравјето на прво место!

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close