fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Само во Македонија се исплаќаат авансно субвенции

Се обврзуваме на навремена исплата на субвенциите како стимул за земјоделско производство, рече Трипуновски. 

Министерот Цветан Трипуновски се осврна на авансното субвенционирање, посочувајќи дека ваков тип исплата на поддршката за земјоделците има само во земјава.

– Само во Македонија аванс се исплаќа за тековна година, никаде во светот поимот аванс не подразбира вакво плаќање. Ние како Министерство работиме да ја олесниме бирократијата затоа што со ова авансно плаќање и дополнителни мерки повеќе од девет илјади земјоделци во изминативе години не успеале да ги користат субвенциите. Оваа бирократија го отежнува процесот. Со нашиот план на активности во наредниот период правиме оваа бирократија да ја сведеме на минимум, земјоделците да бидат растеретени од тој момент, а од друга страна се обврзуваме на навремена исплата на субвенциите како стимул за земјоделско производство, рече Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close