fbpx
ВестиМакедонија

Самохраните родители немоќни и заборавени во бесконечната борба против системот

Ковид кризата не само што го измени темпото на живеење кај луѓето, туку удри и по економијата.

Ковид кризата не само што го измени темпото на живеење кај луѓето, туку удри и по економијата. Со цел да се помогне на оние кои беа најпогодени од пандемијата, нашата Влада креираше пет пакети за економска помош и поддршка. Во еден од овие пакети беа вклучени и самохраните родители. Но кога ќе ги ставиме фактите под лупа доаѓаме до низа проблеми кои се поврзани со оваа група на граѓани. Првенствено се поставува прашањето колку реално пакетите им ги ублажија последиците од пандемијата на самохраните родители? Ова прашање го упативме до организаците кои одблиску ги следат предизвиците со кои секојдневно се соочуваат самохраните родители.

Во разговор за МИА од организацијата „Една може“ изнесоа низа аргументи преку кои може да се дојде до еден заклучок- волјата на Владата да помогне сепак била уверлива и реална само на хартија, но не и во пракса.

-Случајно или не, Владата на самохраните родители им даде само пет дена да ја соберат потребната документација доколку сакаат да ја добијаат еднократната финансиска помош во вредност од 6.000 денари, онаа мала група која имаше доволно среќа некои од документите веќе да ги поседува успеа во рамките на рокот успешно да ги поднесе, но сепак среќата на дел од оваа мала група самохрани родители ги напушти позади затворените врати на институциите, со други зборови и покрај исполнетите услови тие беа одбиени без образложение, тврди во разговор за МИА Дороти Пачкова, родов експерт, основач на организацијата „Една Може“.

Владата пак, вели дека најголем дел од оние што не добиле едократна помош, не поднеле барање со документација до Центрите за социјална работа, што било основа по која се правела листата според која се исплаќаат, а е законска обврска.https://nezavisen.mk/samohranite-roditeli-nemokjni-i-zaboraveni-vo-beskonechnata-borba-protiv-sistemot/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close