fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сончево со мала до умерена облачност и температури до 30 степени

Во западните делови од земјава времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен прав.

Денеска во земјава нè очекува сончево време со мала до умерена облачност и максимални температури до 30 Целзиусови степени. Во западните делови од земјава времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен прав.

Можно е да е слика од нацрт и текст

Минималните температури ќе бидат во интервал од 10 до 20 степени, а максималните ќе се искачат од 18 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје претежно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови и за краткотраен дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 15 до максимални 27 Целзиусови степени.

Утре, пак, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува сончево и топло време со максимална температура од 33 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close