fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Колку ли било тешко да поделиш 5 милиони евра за тутунарите?!

И додека вие ќе се сончате по плажи на морината, ние тутунарите ќе се давиме во сопствената пот и тоа без пари.

Бурни реакции кај тутунарите предизвика веста дека денеска Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на седница треба да го разгледа Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите чија цел е намалување на последиците од корона пандемијата врз производството и откупот на тутунот.

Со реакција се јави и Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунарски здруженија.

-До кога со овај циркуз? Како бре не ви е срам, за малоумни ли не сметате? За луѓе со низок коефициент на интелигенција? За неписмени, па доста ни ја вреѓате интелегенцијата. Колку закони требаат да донесете, за да ни го исплатите ковид пакетот на нас тутунарите, кој со закон во Собрание веќе еднаш го изгласавте во месец април, со еден невиден театар каде заразени пратеници се носеа на гласање само и само да се демонстрира сила.

Колку ли било тешко да поделиш 5 милиони евра за тутунарите, па закони на законите па потреба од донесувајне на закон на законот, за малку и уставот ќе го отворете само да одолговлекувате и одолговлекувате. Донесете го веќе еднаш тој пакет и да се стави веднаш на гласање и исплатете ги парите.

Апелирам до претседателот на Собранието господинот Талат Џафери веднаш да го стави овој закон на гласање по најитна постапка,бидејќи познавајќи какви мајстори сте за манипулации ќе фатат одмори па наместо гласање на законот господинот Талат ќе ги пушти пратениците на годишен одмор.

И додека вие ќе се сончате по плажи на морината, ние тутунарите ќе се давиме во сопствената пот и тоа без пари. Ако ова го терате по скратена постапка како што велите и трае 4 месеци, колку ќе траеше во редовна постапка носењето на тој фамозен ковид пакет. Се вели во реакцијата на координаторот на новите тутунски здруженија Игор Мирчески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close