Санитација на штала, виме, раце на молзачот и опрема за молзење
САНИТАЦИЈА НА ШТАЛАТА
- под
- зидови
- воздух
Нијпрво треба механички да се отстрани цела нечистотија на подот и зидовите, потоа следи перење под млаз вода. После чистењето и исушењето следи дезинфекција на истите. За дезинфекција може да ни послужи грбна пумпа. Зависно од абсорбционата моќ на површините, би требало да се потроши од 0,1 – 0,4 л/м2.
Воздухот во шталите мора да биди проветрен.
САНИТАЦИЈА НА ВИМЕ
-отстранување на нечистотии
-плакнење
-сушење
Со влжна памучна крпа или млаз вода се отстрануваат сите груби нечистотии, потоа вимето се мие со благ дезинфициенс. Вимето се суши со памучна или хартиена крпа и потоа првите 2-3 млазеви се измолзуваат во посебен сад.
За дезинфекција на боските се употребува јоден препарат со апликатор или спреј.
САНИТАЦИЈА НА ОПРЕМАТА ЗА МОЛЗЕЊЕ
-плакнење
-механичко чистење со четка
-перење со базно средство
-Плакнење
Опремата за молзење се чисти прво со млака вода и се трие со четка . Потоа се употребува топла вода и се трие со адекватна четка, а на крајот се употребува раствор од дезинфициенс. Сите гумени делови на машината за молзење треба сикојдневно да се чистат механички и со алкално средство.
Посе молзењето се зема сад со вода најмалку 10 л. во кој се става базно средство (жива сода) 2% раствор и се остава машината да го исцрпи. ПОТОА СЕ ПЛАКНИ.
Советник во АПРЗ Петар Трајковски