fbpx
Вести

Реонизација на земјоделското производство

Климатските услови видливо влијаат на земјоделското производство. Сушите, поројните дождови и мразевите го уништуваат родот. Светската организација за храна работи на проект кој ќе им помогне на фармерите во изборот на култури и сорти кои во нивниот регион ќе даваат најдобри приноси.

Земјоделците ќе добиваат листи на препорачани култури и сорти на семе кои најмногу успеваат во нивниот регион. Поделбата на регионите ќе се прави со помош на Светската организација за храна. Таа ќе претставува информативен систем на Македонија за структурата на почвата и климатските услови, културите, сортите и за агротехничките мерки.

Земјоделските производители и инвеститорите често немаат информации и податоци за тоа кои култури, сорти и семиња најдобро успеваат во одделни производствени регони за поголеми приноси и подобрување на квалитетот на производот.

Овие информации во голема мерка ќе ги намалат погрешните инвестиции и ќе се користат за приспособување на земјоделското производство во однос на климатските промени.

Листата со препорачани култури и сорти ќе биде подржана со мерките за финансиска поддршка од државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close