САСА ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци
Во рамки на најновата акција денеска беше извршено порибување на езерото со околу 1.500 килограми крап, а најавено е и дополнително порибување со околу 500 килограми, што ќе биде спроведено во наредниот период.
Благодарение на финансиската поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ спроведе акција за обнова и дополнување на рибниот фонд во езерото Калиманци.Во рамки на најновата акција денеска беше извршено порибување на езерото со околу 1.500 килограми крап, а најавено е и дополнително порибување со околу 500 килограми, што ќе биде спроведено во наредниот период.Најновото порибување на езерото се изврши во присуство на претставници од Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од рудникот САСА.
Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска средства за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци, како и за функционирање и реализација на активностите на ова здружение.
Оваа поддршка е дел од проектите што САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржливиот развој.https://nezavisen.mk/sasa-ja-prodolzhuva-poddrshkata-za-odrzhlivost-na-ribniot-fond-vo-ezeroto-kalimanci/