fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Сашко Серафимов-доби средства за набавка на ролер ваљак и приклучна механизација

Оваа финансиска поддршка е доделена по принцип на ко-финансирање во висина од 50% од направената инвестиција за што се исплатени 563 илјади денари.

 

Како дел од теренските активности во овчеполскиот регион го посетив и земјоделското стопанство на индивидуалниот земјоделец Сашко Серафимов, објави Никица Бачовски дирекот на Патежната агенција.
Сашко обработува над 50 хектари со житарици и е активен корисник на финансиската поддршка од националната програма за земјоделство и европскиот фонд за земјоделство и рурален развој.
Освен директните плаќања за одгледување и производство на житни култури овој полјоделец минатата година ја искористил и можноста да аплицира за субвенционирање на вештачко ѓубриво преку програмата за интервентен фонд која за првпат се имплементираше во 2022 година.
Нема опис за фотографијата.
Дополнително, преку мерката за инвестиции во модернизација на земјоделските стопанства од ИПАРД програмата, И.З Лошко аплицирал и добил финансиска поддршка за набавка на ролер ваљак и приклучна механизација.
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Оваа финансиска поддршка е доделена по принцип на ко-финансирање во висина од 5️⃣0️⃣ % од направената инвестиција за што се исплатени 563 илјади денари.
Програмите кои ги имплементира АФПЗРР постојат токму за оваа намена – поддршка за вистинските земјоделци преку финансиска стимулација за производство на храна и модернизација на земјоделските стопанства.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close