fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Соопштение до тутунопроизводителите! – Проверете ги податоците во ЕРЗС, да ги ажурирате сите катастарски парцели

Единствениот регистар на земјоделски стопанства е основа за договор, откуп и субвенции.

СООПШТЕНИЕ ДО ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ

Во пресрет на склучувањето на договорите за реколта 2026 година, ги известуваме сите тутунопроизводители дека податоците за договореното производство на тутун (носител, катастарски парцели и површини) се преземаат исклучиво од Единствениот регистар на земјоделски стопанства – ЕРЗС. Откупувачите немаат право самостојно да внесуваат или коригираат податоци. Сè што не е точно или не е пријавено во ЕРЗС, нема да може да биде опфатено со договор, ниту да биде основ за субвенции. Поради тоа, апелираме: навремено да ги проверите податоците во ЕРЗС, да ги ажурирате сите катастарски парцели (КП), да ја усогласите пријавената површина со реалната состојба. ЕРЗС е основа за договор, откуп и субвенции. Грешка таму – проблем цела година. За ова се известени и откупните компании, кои се должни да го почитуваат ова согласно член 8, став 1 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи. Коригирајте или отклонете ги сите неправилности навреме, бидејќи многу производители ќе останат без договори во новата реколта!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close