fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ бара Владата да ја смени одлуката и да издвои 5 денари за килограм пченица

Значи земјоделците се оштетени и потребни им се барем 5 денари по килограм.

Владата донесе одлуката за дополнителни 3 денари за килограм пченица. Земјоделците се крајно разочарани и незадоволни затоа што тоа е недоволно, велат од СДСМ.
-Трипуновски мисли дека иста е сумата од лани, но минатата 2023 година пченицата се откупуваше за 12 денари, а оваа 2024 година за 9 денари. Бидејќи тоа Трипуновски не го знае и не го увидел затоа Владата носи мерка со само 3 денари за килограм пченица.  Значи земјоделците се оштетени и потребни им се барем 5 денари по килограм.
СДСМ бара Владата веднаш да ја промени одлуката и да издвои дополнителни 5 денари за килограм пченица и дополнителни 10.000 денари по хектар за јачмен.
Воедно во измената бараме да стои прецизно дека ова е со откуп до 30 октомври, бидејки доколку некој ја има складирано да може да ја продаде, велат од СДСМ .
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close