
Агро бизнисВестиТоп вести
СДСМ: Трипуновски не го почитува Законот за вино, свесно ги понижува и манипулира лозарите
СДСМ со реакција
СДСМ со реакција
Власта не ги почитува законите кога не им одат во прилог и повторно ги манипулира лозарите. Вчера заврши законскиот рок во кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше обврзано, согласно член 21 од Законот за вино, најдоцна до 15 јули треба да ја објави производната цена на двете најзастапени сорти грозје – „вранец“ и „смедеревка“.
Наместо транспарентно да се објават цените, со писмен акт достапен до целата јавност, министерот се одлучи за маркетиншки настап во друштво со неколку избрани лозари, каде што срамежливо беше објавена таканаречена „историска цена“. Ова не е ниту законски исправно, ниту чесно кон лозарите.
Цените кои Трипуновски сака да ги прикаже како историски највисоки се далеку од тоа.
Според Законот за вино обврската на министерството е да објави производна цена а не историска цена. Минатата година исто се објави историски највисока цена од 20,8 денари за вранец и 18,3 денари за Смедеравка. Оваа година Трипуновски како историска цена ја прикажува откупната цена од 21,3 денари за вранец и 18,9 денари за смедеревка. „Историската цена“ за вранецот е зголемена за 50 дени или пола денар, а додека кај смедеревката е зголемена за еден ипол денар – толку од историските цени на Трипуновски..
Законот за вино предвидува во Член 21 Министерството за земјоделство најдоцна до 15ти јули објавува производна цена , што е директно кршење на членот 21 од Законот за вино. Досега ниту видовме производна цена, ниту пак како е дојдено до историската цена.
Затоа, го повикуваме министерот Трипуновски јавно да ја објави производната цена и начинот како е дојдено до производната цена. Во интерес на јавноста, лозарите и откупувачите на грозје треба да се знае дека по објавување на производната цена се формира продажна цена а таа е зголемена за 25% од производната.
Земјоделците, лозарите, заслужуваат вистинска поддршка, не прес-конференции со самопофалби.