fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ: Замрзнувањето на цените го штити стандардот на граѓаните

Нови пониски цени се очекуваат за кромидот, доматите, краставиците, пиперките, карфиолот, бананите, портокалите, мандарините, лимоните, како и на гравот и леќата

СДСМ преку конкретни мерки и политики го штити и унапредува животниот стандард на граѓаните, во време на светска економска кризa, истакнуваат од партијата на власт.

Додаваат дека се проширува листата на производи со замрзнати цени, на одредени видови овошје и зеленчук.

„Нови пониски цени се очекуваат за кромидот, доматите, краставиците, пиперките, карфиолот, бананите, портокалите, мандарините, лимоните, како и на гравот и леќата.

Веќе се нови мерки за замрзнување на цените на хигиенските производи, со кои цената на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и влошките се намалува за 13 отсто.

Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.

Млекото и млечните производи се поевтини за 10, а тестенините за 15 проценти.

Максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година“, се наведува во соопштението од СДСМ.

СДСМ, како што велат, продолжува со грижата за сите граѓани, со реализација на мерки кои, го штитат стандардот на граѓаните.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close