fbpx
Вести

Се бараат дополнителни субвенции за пченицата

Поголемите производители на пченица од Пелагонискиот Регион бараат 2 до 3 денари по килограм дополнителна субвенција, за да им се исплати производството. На вчерашниот состанок во Прилеп тие искажале голема загриженост околу најавената откупна цена од 8,6 денари на килограм пченица од годинашната реколта.

se baraat dopolnitelni subvencii za pchenicata

 

“Со постојните откупни цени производството не е рентабилно ако државата не ни помогне во надоместувањето на разликата од производствената до откупната, за да не работиме со загуба. Производната цена се покачи на 13,4, а откупната беше 10,2 денари. Предложивме и при исплатата на субвенциите да се зголеми долниот праг наместо од 10 на 30 хектари”, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Земјоделците велат дека не можат да бидат конкурентни со Србија каде има производство по единица површина од 10 тони, а нашето едвај достигнува до 3 тони по хектар.

Состанокот завршил со договор барањата да се достават до министерот за земјоделство, а понатаму и кај вицепремиерите или премиерот се со цел навреме да се разреши проблемот за да не настанат проблеми пред почетокот или за време на жетвата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close