вести

Во Росоман поднесени 750 барања за надоместок на штети од пролетниот мраз

prolet

Седумстотини и педесет барања за надоместок на штети од пролетниот мраз се поднесени во канцеларијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Росоман, која е дел од кавадаречката Подрачна единица.

Тошо Костов, претседател на една од комисиите за проценка на штети, денеска информираше дека во Росоман најмногу штети има кај овошките, а во околните села кај лозјата. Се работи за населените места Сирково, Камен дол, Рибарци, Манастирец, Трстеник, Дебриште и Паликура.

– Процентот на мрзнење зависи од местоположбата и се движи од дваесет до сто проценти. Најголеми последици од пролетните ниски температури има покрај Црна Река и по депресивните места од општината, нагласи Костов.

Тој соопшти дека на општинско ниво, најголеми штети од пролетниот мраз има покрај реката Црна во Паликура и Росоман, а последици на помали површини има во Камен дол, Манастирец и Трстеник.


 

курир.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close