fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Македонските земјоделци сметаат на помош, апелираат на поедноставени процедури

Првиот повик се очекува да биде објавен на крајот на јуни.

Од Министерството за земјоделство го почнаа карванот низ четириесетина населени места за што поблиску да им се објасни на земјоделците, на преработувачите и на општинската администрација како може да ги искористат парите од инструментот за претпристапна помош за рурален развој – програмата ИПАРД 3.
Првиот повик од инструментот за претпристапна помош за рурален развој – програмата ИПАРД 3, се очекува да биде објавен на крајот на јуни. Целата програма е со важност до 2027 година и е со финансиски обем од 97 милиони евра – пари од ЕУ, како и дополнителни 31 милион од Македонија, додека од самите корисници се очекува инвестирање на 82 милиони евра. Нова вест во ИПАРД 3 е тоа што сите набавки можат да потекнуваат од која било земја, со што ќе се скрати процедурата за еден месец, бидејќи самото докажување на потеклото на стоките во самите инвестиции одземаше повеќе време за апликантите.
Раководителот на Секторот за управување со претпристапни фондови на Европска Унија за рурален развој, Живко Брајковски, објаснува дека се подигнати праговите за минимална инвестиција за мерките 1, 3 и 7, со тоа што сите оние што имаат инвестиции под овие минимални прагови ќе можат да аплицираат по Националната програма за рурален развој.
– Тоа е компромисот што го направивме заедно со Европската комисија за да не се доведеме во ситуација да имаме конкурентност и преклопување на двете програми. Сите оние што ќе бидат со инвестиции под 20.000 евра ќе конкурираат во националната програма, ќе зајакнат и како такви потоа ќе можат да конкурираат за ИПАРД – изјави Брајковски.
Во наредниот период ќе биде спроведена информативна кампања и таа ќе опфаќа два повика. Последниот или деветти повик од ИПАРД2-програмата 2014-2020 ќе се однесува за мерката 3, инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и тука ни се достапни над девет милиони евра. Првиот повик од ИПАРД3-програмата ќе се однесува на мерката 1 или инвестиции во примарно производство и мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси, каде што имаме достапни над 20 милиони евра.

Најголемата новост е тоа што со ИПАРД 3 се овозможува авансна исплата до 50 отсто од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. На презентацијата на програмата ИПАРД 3 беше нагласено дека таа има повеќе разлики во однос на досегашното користење на европските пари. Нема да им се даваат пари на оние што и онака би можеле да реализираат проект без помош на ИПАРД. Потоа, за новоформираните правни лица поддршката може да биде до 100.000 евра, а сите набавки може да потекнуваат од која било земја. Првите повици што може да ги очекуваат заинтересираните корисници ќе се објават на крајот на јули, а дотогаш тие треба да се подготват за сложената процедура. Повиците ќе бидат објавени за две мерки: „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ и за „Диверзификација на фарми и развој на бизнис“. Кофинансирањето е 60 отсто. Покрај за овие мерки, за пари од ИПАРД 3 ќе може да се аплицира за проекти за рурален туризам, за органско производство, за маркетинг, за советувања… ИПАРД 3 првпат дава пари за рурална инфраструктура, а овие пари може да се искористат за обновливи извори на енергија, за локални патишта, за водоводни мрежи.
Од ИПАРД 2 се искористени 98 отсто од парите. Затоа, за разлика од ИПАРД 2, кој беше 60 милиони евра, Европската комисија додаде уште 37 милиони евра, па на располагање преку ИПАРД 3 сега има 97 милиони евра.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека преку теренска активност сите ќе бидат насочени да се врати успехот од ИПАРД 2.

– Она што особено охрабрува од ИПАРД 2 е интересот на младите. Од 2.369 договори, 859 се однесуваат на млади земјоделци за инвестиции од девет милиони евра – рече Николовски.
Македонија има повеќе склучено договори преку ИПАРД 2 од Србија, Албанија и Црна Гора заедно, но има најниска просечна поддршка по проект, во просек од 17.000 евра, што значи дека вкупните инвестиции по проект во просек биле меѓу 34.000 и 35.000 евра. Досега преку ИПАРД има потпишано 2.369 договори, дури 859 се млади земјоделци.https://novamakedonija.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close