Агро бизнисВестиТоп вести
Се бере и четвртата рака во нивите на Ердован Исламоски
Бериќетни нивите во Канатларци!
Ердован Исламоски е млад земјоделец од селото Канатларци – Прилепско, има само 26 години, а веќе е искусен во земјоделието откако десеттина години со своето семејство работи околу 100 хектари земја.
За жал, како и грото тутунари и Ердован годинава помина тежок откуп со тутунот со просечна цена од 160 денари за килограм, бидејќи најголем дел од родот му бил откупен во трета класа. Бостанот за секој земјоделец е како ‘лото’, вели младиот Ердован бидејќи никој не знае да ќе собере лубеници за продажба или ќе ги ‘собере’ градот, па ќе останат на нива.