ВестиМакедонијаТоп вести
Се чистат каналите во битолскиот дел на Пелагонија
Деновиве масовно се чисти каналската мрежа во Пелагонискиот дел на Општина Битола, во околината на селото Логоварди, со средства од општината во висина од 205.000 денари.
Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, го посети селото и изврши увид во масовното чистење на каналите на терен. Петровска посочи дека руралниот дел од Пелагонија постојано ја има поддршката од Општина Битола. Чистењето на одводните канали и натаму континуирано се реализира, а на терен зафатот е во должина од 2,5 километри.
Жителите на селото Логоварди истакнаа дека во изминатите две години, постојаното чистење на каналската мрежа за нив е од големо значење, затоа што е намалено поплавувањето на нивите, засадени со земјоделски производи, информираат од Општина Битола.